Пионерите на РШ Струга Динг 2021 со убедлива победа ја завршија оваа полусезона

- Локални, Спорт
264
Пионерите на Ракометната школа- Струга Динг 2021 со победа ја завршија оваа полусезона. Тие убедливо славеа над екипата на Мулти Есенс со резултат 28:8.
-Во фер и коректен натпревар голема минутажа добија и помладите пионери, кои ја оправдаа довербата. Иако со подмладен состав, нашите пионери и годинава играат солидно, после осум одиграни натпревари, со по четири победи и порази ја држиме ,,златната средина” на табелата.-информираат од клубот.
Strugaonline

Facebook Коментари