Повреден возач на моторцикл во сообраќајка во Струга

- Локални, Хроника
756

На 01.08.2018 година во 16,30 часот било пријавено дека во Струга на улицата “Боро Калајџиески“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило ,,Форд Ескорд“ со охридски регистерски таблици, управувано од Н.Г.(55) од Струга, и моторцикл ,,Даелим“ со струшки регистерски таблици управуван од А.Б.(41) од Струга. Возачот на моторциклот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар во Струга, по што бил префрлен во болницата “Свети Еразмо“ во Охрид, каде од страна на лекар му била констатирана тешка телесна повреда. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на Полициската станица Струга и се работи на целосно расчистување на случајот.

Извор: МВР

StrugaOnline

Facebook Коментари