Предавање по повод празникот „Св, Кирил и Методиј“ ќе се одржи во Охрид

- Локални
2469

„Староруска азбука како молитва“ е насловот на предавањето кое ќе се одржи во Охрид по повод Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“

Настанот е закажан за во вторник со почеток во 12 часот, а ќе се одржи во просториите на Библиотеката.

Предавањето  е во организација на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид и Почесниот Конзулат на Руската Федерација од Охрид.

Св. Кирил и Методиј се творците на првата словенска азбука-глаголицата и основачите на Македонската литература. Солунските браќа се клучни личности во македонската историја. Ги штителе принципите на христијанството, а најголемата мисија која ја спровеле за ширење на христијанството и писмото-глаголицата била во Моравија. Заедно со 10-на свои ученици во 863-та година заминале во Моравија да ја шират мисијата на писменоста во кралството на царот Ростислав. На средбата со тогашниот папа во Рим, добиле дозвола и благослов и од него да продолжат со нивната благородна мисија.

Извор : ОхридПреc

Facebook Коментари