Продолжува палењето на трската и кај Аквариус па накај Калишта во Струга

- Локални, Хроника
1260

Денес продолжи недозволеното палење на трската, но овојпат од Аквариус па накај Калишта на Охридско езеро во Струга, во намерно предизвикан пожар.

Ова е недозволен чин на насилство према природата со уништување на трската, во кој наводно се прави заради правење на нови површини за изградба на плажи.

Најголема одговорност сепак е на сторителите на овој чин, но сепак исто така треба да одговараат и поранешниот градоначалник на Струга, сега пратеник, Зијадин Села, односно неговиот заменик Мустафа Зебзун, за сега засега не превземањето никаков акт.

Извор: StrugaOnline

Facebook Коментари