Пуштени во продажба билетите за фестивалот N-H // LON

- Забава, Локални
696

Започна продажбата на билети за првиот ден од  струшкиот N-H // LON Festival каде што главна sвезда е германскиот DJ и продуцент Ancient Methods Билетите можете да ги набавите на овој ЛИНК по промотивна цена од 300 денари.

Ancient Methods е пионер на модерниот техно звук и амбасадор на берлинската електронска сцена. Еден од ретките продуценти кои со секоја нова плоча ги дефинира и редефинира стандардите на електронската продукција, како и технички врвен DJ кој низ современи електронски форми зближува и реинтерпретира многу музички стилови и култури, од електро и индустриски звуци преку панк и метал, се до класична, медитативна и психоделична музика.

Неговиот настап во Струга е закажан за 14-ти јуни.

Strugaonline

Facebook Коментари