Резулатите од вториот ден на турнирот „Струга 2018“

- Локални, Спорт
811

Во вториот ден од Меѓународниот ракометен турнир „Струга 2018“ се одиграа натпреварите помеѓу  Бешикташ–Еурофарм Работник; Железничар–Алингсас;  Целје–Тулуз

Во првиот натпревар после нерешеното прво полувреме (15:15) eкипата на Бешикташ ја совлада екипата на Еурофарм Работник со краен резултат 31:29 , така составот на Е. Работник шансата за поени ќе мора да ја бара на средбата против Тулуз

Во вториот натпревар екипата предводена од Веселин Вујовиќ победи против Алингсас со краен резултат 23:20, а на полувреме беше 10:5. Со овој учинок, нишки Железничар ги покажува своите амбиции за висок пласман на овој турнир.

Во третиот натпревар екипата на Целје одигра добар и борбен натпревар против Тулуз кој успеа да го добие со 31:29 и на тој начин со четири бода да тргне кон пласман во финалето кое се игра в недела.

Денеска се играат следниве натпревари:

17.30 Струга – Алингсас
19.15 Железничар–Констанца
21.00Тулуз–Бешикташ

 

Извор: Strugaonline

Фото: Меѓународен турнир „Струга 2018“

Facebook Коментари