РК Струга денеска на гостински терен игра езерско дерби со РК Охрид

- Локални, Спорт
203

РК Струга денеска на гостински терен по втор пат сезонава ќе игра езерско дерби со екипата на РК Охрид. Со овој натпревар продолжува втората половина од регулартниот дел во групата А.

,, Од натпреварот со Охрид очекувам машка борба од двете страни. Охрид во овој натпревар влегува како фаворит, но ние ќе ги искористиме своите можности да дојдеме до поволен резултат. Моментално на табелата имаме 12 бодови и сме на четврто место, кое не’ води во плеј-оф, а тоа е нашата цел оваа сезона“-изјави за Strugaonline, ракометарот на РК Струга, Тодор Јанкулоски.

,,Во нашата екипа владее добра атмосфера и подготвени сме за надигрување. Знаеме со каков квалитет располага екипата на Охрид и тоа ни е мотив плус, ја повикувам нашата навивачката група ,,Паткари“ кои се нашиот осми играч и сите стружани да дојдат во поголем број и да ни дадат поддршка. Сите присутни во салата ќе проследат машка борба и добар ракомет.,,-вели за Strugaonline капитенот на РК Струга, Златко Мојсоски.

Ракометното Езерско дерби  почнува во 18:30 часот во спортската сала ,,Билјанини извори“ во Охрид.

Strugaonline

 

Facebook Коментари