РК Струга ја совлада екипата на Јуниор Кисела Вода

- Локални, Спорт
312

Ракометарите на РК Струга играат одлично по доаѓањето на Наум Танески на клупата и ја забележаа третата победа во низа, откако славеа на гостувањето кај Јуниор Кисела Вода со резултат  30-25.

Во првиот дел од натпреварот домаќините пружаа отпор, но како одминуваше времето нашите ракометари се повеќе ја преземаа контролата, посебно во второто полувреме.

На пауза се замина со резултат 12-11.

На стартот на второто полувреме стружани направија разлика 17-13,  домашните потоа ја намалија негативат на  20-18, а веднаш потоа беше и 21-19. Потоа РК Струга доминираше за да стигне до резултат 25-20 и до крајот на натпреварот рутински ја запечати победата.

Најдобри стрелци во нашиот  тим беа Бугариновиќ со седум гола, Лазаревиќ и Костоски постигнаа по пет, додека кај Јуниор КВ најдобри беа Симоноски со шест и Петровски со пет погодоци.

Струга сега има 12 бода и е на петтото место.

фото: РК Струга

Facebook Коментари