РК Струга славеше убедлива победа над тимот на Куманово

- Локални, Спорт
166

РК Струга лесно го совлада тимот на Куманово со резултат  33-22 во меч од деветото коло во ракометната супер лига.

Нашите ракометари најавија победа уште по првиот дел, кога имаа предност од 15-11, а потоа до крајот само константно ја зголемуваа предноста.

Ненад Костоски беше најефикасен во нашите редови со осум гола, додека Бошњак постигна седум. Кај Куманово пет гола постигна Иван Димитров.

Ова за РК Струга беше петта победа оваа сезона со што се зацврстија на четвртото место на табелата.

Facebook Коментари