Се одржа осмиот Меѓународен џудо натпревар и инклузивен џудо камп во Струга

- Локални, Спорт
294

Живописниот град Струга беше домаќин на 8миот Меѓународен натпревар во џудо, на кој се натпреваруваа повеќе од 600 џудисти од 67 различни тимови. Она со што се истакна натпреварот оваа година е тоа што за прв пат во земјава беше организиран инклузивен џудо натпревар на кој учесниците со интелектуална попреченост од Македонија, Србија и Романија ги покажаа своите неверојатни вештини во рамки на проектот Џудо за сите, поддржан од Европската Унија во партнерство со џудо клубови од Македонија (Judo club Drim Struga), Србија (Judo club Makikomi)  и Романија (Asociatia Judeteana de Judo Mehedinti) и Порака Нова.

На настанот, организиран од струшкиот Џудо Клуб Дрим – Струга и поддржан од Порака Нова-Струга, учествуваа локални, регионални и џудо клубови од неколку Европски земји. Главниот натпревар се одржа на 24 јуни, а потоа наредните три дена следуваше инклузивен тренинг камп кој заврши на 28 јуни.

Натпреварот обезбеди платформа за спортистите со интелектуална попреченост да се истакнат во боречката вештина на џудо и поттикна средина на инклузивност, прифаќање и меѓусебно почитување. Спортисти, тренери и домашна и странска публика се собраа во Спортскиот комплекс Тими Струга за да бидат сведоци на извонредниот атлетизам, дисциплина и дух кој го носи самото џудо.

Овој настан не само што го слави талентот и достигнувањата на џудистите и лицата со интелектуална попреченост, туку ги промовира и вредностите на инклузивност, еднаквост и моќта на џудото да ги зближи луѓето.

Покрај возбудливиот натпревар во различни категории, после Меѓународниот натпревар во џудо во Струга од 25-28 јуни беше оддржан и џудо камп тренинг и инклузивни работилници, тренерски методологии за значењето на инклузивноста во овој спорт. Овие сесии имаа за цел да ги поттикнат учесниците, тренерите и официјалните лица да ги поддржат ефикасно спортистите со интелектуална попреченост. Овој настан беше сведоштво за моќта на спортот да ги надмине бариерите и да ги обедини луѓето. Настанот ги истакна исклучителните способности  на лицата со интелектуална попреченост во џудото, рушењето на стереотипите и промовирањето на поинклузивно општество.

Повеќе за проектот Џудо за сите може да се прочита тука. 

Strugaonline

Facebook Коментари