Скопјанец извршил полови дејствија врз 15-годишно девојче во Струга

- Локални, Хроника
1107

37-годишниот С.Ј. од Скопје, синоќа, околу 20:00 часот, во Полициската станица во Струга пријавил дека истиот ден врз неговата 15-годишна ќерка биле извршени полови дејствија.

– Инцидентот се случил околу 15:00 часот во Струга, во куќата на Ф.Н. каде тој престојувал заедно со неговото семејството. 39-годишниот С.Џ. од Скопје извршил полови дејствија над неговата 15-годишна ќерка. Од страна на полициски службеници С.Џ. бил пронајден и приведен во полициска станица, при што било констатирано дека се бара за издржување на казна затвор. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, информираат од МВР.

Извор: МВР

фото: архива

Strugaonline

Facebook Коментари