Со претставата „Во фиока“ синоќа започна петтото издание на Младинскиот аматерски театарски фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“

- Локални
721

Синоќа во предворјето на црквата Св.Софија со претставата „Во Фиока“ изведена од страна на театарската група на Црвен крст Охрид свечено беше отворено петтото јубилејно издание на Младинскиот аматерски театарски фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“.

„Нашите млади и талентирани актери на креативен и вешт начин не потсетија за изгубените вредности во денешницава, но и ја истакнаа надежда дека тие се само скриени „во фиока“ и дека секој од нас треба да направи исчекор за враќање на вистинските вредности.“ велат организаторите

Како предвесник на охридското културно лето, овој театарски фестивал  се реализира од 13-17 јуни во Охрид.

Втората вечер од театарскиот фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“, е резервиран за театарската група на Црвен крст Суботица, Србија кои вечерва, 14.06.2018 г., во предворјето на црквата Св.Софија со почеток во 21:00 ч. ќе ја изведат театарската претстава „СОБИРЕН ЦЕНТАР“, од Душан Ковачевиќ.

Strugaonline

Фото: aрхива

Facebook Коментари