Сообраќајка на патот Охрид-Струга, потешко повредена 37-годишна жена

- Локални, Хроника
1166

На 16-ти ман 2019 година, во 07:45 часот, на регионалниот пат Охрид-Струга, во близина на приклучокот за магистралниот пат Охрид-Кичево, се случи сообраќајна незгода во која е потешко повредено едно лице.

– Во незгодата учествувале патничко возило „Рено Меган“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 37-годишната Т.Ш. од Охрид, кое излетало надвор од коловозот и удрило во дрво. Со тешки телесни телесни повреди се здобила Т.Ш. којашто била пренесена во болницата „Св. Еразмо“, каде и била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид, информираат од МВР.

Извор: МВР

Facebook Коментари