Состанок меѓу претставниците на Општина Струга и директорите на основните и средните училишта во Струга

- Локални
850

Денеска, во просториите на општина Струга, шефот на кабинетот, г.Дашмир Насуфи одговорен за секторот за образование заедно со претседателот на општинскиот совет, Ресул Каба одржа информативен состанок со директорите на основните училишта и средните училишта, и со претставниците на образовниот инспекторат.

На средбата се дискутираше за состојбата на училиштата, како и за задачите што треба да се остварат за да се постигне напредок во образовниот процес за учебната година 2017/2018.

На средбата исто така се дискутираше и за работните места кои се ослободија со пензионирањето на одредени наставници , истите да се надополнат со нов наставен кадар со цел да се спречи нивното заминување од земјата.

Истовремено, треба да се потенцира дека истите наставници пред пензионирање ќе имат средба со г. Дашмир Насуфи.

Извор: Oпштина Струга/Strugaonline

фото: Општина Струга

Facebook Коментари