Струга е во финалето на Меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“

- Локални, Спорт
709

Ракометарите на Струга победија во првото полуфинале на Меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“.

Нашите ракометари го добија месчот против домаќинот Прилеп со резултат  27:22 откако беа во предност во најголемиот дел од средбата. Домашните успеаја да се вратат и да израмнат, но не можеа да направат и пресврт. Првото полувреме заврши со резултат 13:9 во наша корист.

Предноста Струга ја одржуваше до 50-та минута од натпреварот кога Прилепчани успеаа да израмнат (20:20). Потоа, Струга имаше серија со која обезбеди победа со краен резултат 27:22 .

Во утрешното финале, струшките ракометари ќе играат со победникот од пресметката меѓу екипите на Пролет и Ловќен.

Извор: 24 ракомет

фото: архива

 

 

 

Facebook Коментари