„Струга Трим Љум“ ремизираше против тимот на „Гоблен“

- Локални, Спорт
710

Во последниот натпревар од 10-то коло, лидерот во ВМФЛ-Запад, Струга Трим Љум ремизираше против „Гоблен“. (1:1)

Додека сите очекуваа победа на Струга Трим Љум, резултатот прв го отвори противникот, преку контранапад на Пајазит  во 12-та минута „Гоблен“ поведе со 1:0. Фудбалерите на Струга Трим Љум имаа многу шанси за гол, но не ги искористија. Првата и единствена реализација дојде дури во 74-та минута преку Александар Василев.

По ова реми, стружани останаа на врвот со 21 бод, два повеќе од второплсираната екипа на Лабуништа.

Овој викенд заради настапите на аматерската репрезентација не се одиграа натпреварите од редовното коло во ВМФЛ-Исток.

 

Facebook Коментари