Струшките пензионери имаа незаборавно летување во Албанија

- Локални
840

Над стотина членови на ЗП-Струга, учесници на летувањето во Албанија, изразуваат големо задоволство за можноста што им беше дадена да уживаат во убав летен одмор во Драч.

Во двете смени по пет дена летуваа по 50 пензионери, а домаќин на струшките пензионери беше хотелот „Гранд“ во Драч.

Покрај убавиот одмор, капење и сончање., уште од првиот ден пензионерите посетија повеќе културно-историски објекти.

–  Оваа летување траеше од 27 август во две смени по пет дена до деветти септември 2018 година, кое остави многу убави спомени за престојот во Драч, Албанија. Голем дел од нив посакаа повторно да летуваат,вели секретарот на ЗП Струга ,Изеир Мустафаи,кој беше водич на групите.

Претседателот на здружението Милорад Трпоски, истакна дека ова е петто по ред традиционално летување во Драч.

Teкст и фото: Стојан Кукунешоски

Strugaonline

Facebook Коментари