Стружани повторно на протест ќе бараат чист воздух

- Локални
1632

На координативен состанок кој се одржа во саботата,а беше организиран од страна на Граѓанската иницијатива „Доста’ по повод проблемот со струшката депонија учествувале триесеттина граѓани  кои споделиле мислења ставови и предлози за решавање на проблемот, но не се остварија надежите на граѓанската иницијатива дека на состанокот ќе учествуваат и стручни лица (биолог,екологист, лекар) кои би укажале на последиците од горењето на депонијата по животната средина и по здравјето на луѓето. На состанокот немало ниту претставници на институции кои би можеле да се вклучат во решавање на проблемот.

На координативниот состанокот било одлучено да се одржи протестен марш кој е закажан за среда (7-ми јуни)  во 16 часот и 30 минути на паркингот кај кафе бар „Пливалиште“

Ова не е прв пат Стружани на протест да бараат чист воздуx, првиот протест се одржа после Велигденските празници кога депонијата беше спалена, а стружани три дена се гушеа во облаци од чад. Во последниве денови депонијата повторно гореше, но со помал интензитет.

Извор:Strugaonline

 

Facebook Коментари