Свечена академија по повод 200 години од раѓањето на Наум Миладинов во Струга

- Локални
2393

Оваа сабота (11-ти ноември) со почеток во 19:00 часот во големата сала на  Домот на културата „Браќа Миладиновци“ во Струга ќе се одржи свечена академија по повод 200 годишнината од раѓањето на Наум Миладинов (1817 – †1897 – 2017, ‘) со концерт на хорот „Калистрат Зографски“

Програма: 

Проф. д-р отец Стефан Санџакоски – „Наум Миладинов – маркантен и светлозарен претставник на православаната философија на животот според Богочовекот Христос“
Проф. Петар Аврамоски – „Животниот пат на Наум Миладинов“
Доц. д-р Димитри Кумбароски – „Осверт кон музичкото творештво на Наум Миладинов“
Христијан Миладинов – музички настап

Во склоп на програмата предвидено е концерт да одржи Хорот „Калистрат Зографски“

Strugaonline

Facebook Коментари