Трета студиска посета „Од идеја до профитабилен бизнис – искуства од вистински претприемачи“

- Локални
786

На 8-ми октоври (понеделник), ќе биде реализирана третата студиска посета „Од идеја до профитабилен бизнис – искуства од вистински претприемачи“ наменета за млади од 16 до 25 години од Југозападна Македонија (Охрид, Струга, Кичево, Дебар, Ресен и Битола).

„Запознајте се одблиску со вистинскиот свет на бизнисот и запознајте се со успешни бизнисмени од Македонија! Бидете дел од нашата посета на некои од најиновативни компании, каде ќе се запознаеме со сопствениците и ќе ги слушнете нивните приказни и предизвици на патот до успехот.“ – велат организаторите.
Целта на оваа посета е учесниците да се запознаат со можностите кои ги нудат тие компании и да се запознаат со успешни претприемачи и иновативни бизнисмени.

Учеството е бесплатно и бројот на учесници е ограничен. Пријавувањето се врши на следниов ЛИНК.

Активноста се организира во рамки на грантот “ПОДОБРИ СЕ – ЗАЈАКНИЈА ТВОЈАТА ЗАЕДНИЦА” финансиран од Проектот наУСАИД за граѓанско учество, кој се спроведува од страна на грантистот Локална агенција за развој – Струга.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари