Утре ќе се одржи ИПА Вело викенд „На точак, Охрид и Струга да видам“

- Локални, Спорт
175

Во организација на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) Охрид, утре ќе се одржи ИПА Вело викенд „На точак, Охрид и Струга да видам“.

Централниот вело настан е со почеток во 08:00 часот. Ќе се тргнува од Градското пристаниште во Охрид, ќе се вози по крајбрежјето на Охридското Езеро, по стариот пат Охрид-Струга.

– Станува збор за традиционалната, овој пат седма по ред рекреативна велосипедска тура Охрид-Струга-Радожда со која, постојано се реафирмира идејата од 2016 година на тогашниот Општински совет за безбедност во сообраќајот (ОСБСП) за велосипедско поврзување на двата крајезерски града-Охрид и Струга и понатаму кон туристичката населба Радожда како и вело конекција Охрид-Св. Стефан-Пештани, со современо уредена, функционална и безбедна велосипедска патека. Сметаме дека, овие проекни иницијативи, имаат непроценливо значење за развој на туризмот и велосипедизмот во двата македонски туристички бисери и огромен бенефит за охриѓани, стружани но и туристите од Македонија и светот. На овој начин, ИПА Охрид прави свој обид за промовирање на Охрид, Струга и на целот крајезерски регионот во целина, како атрактивни туристички и вело дестинации што значително ќе ги издигнат на светската вело туристичка мапа. Со ова, упатуваме порака до двете општини, конечно и сериозно да се заложат, велосипедското поврзување пред се, на Охрид до Струга и кон туристичките населби Пештани и Радожда, да станат реалност. Централниот вело настан ќе се одржи во сабота, на 24-ти јуни, со почеток во 08:00 часот. Ќе се тргнува од Градското пристаниште во Охрид и, со надеж за добро време, ќе се вози по крајбрежието на Охридското Езеро, по стариот пат Охрид-Струга. Во 08:45 кај „Евро Хотел“ е предвидена средба на охридската со струшката вело група а потоа, заеднички ќе се вози низ живописните зелени предели кај Калишта, хотелите „Бисер“, „Изгрев“ и „Макпетрол“ до преубавата Радожда. По краткото дефиле тука, предвиден е доручек на брегот на Охридското езеро во ресторантот „Динга“, наш ИПА пријател од каде се пружа неповторлив поглед кон езерските синила и планинската убавица Галичица. Возењето велосипед е љубов, потреба, незаборавна авантура и неповторливо доживување. Во време кога државите градат велосипедски автопати, редно е и во охридско-струшкиот регион на Македонија, да имаме безбедни вело патеки а не, да возиме покрај автомобилите, автобусите и камионите и да се ставаме во сериозна и опасна ситуација како ранлива категорија учесници во сообраќајот. Не сакаме повеќе жртви-велосипедисти на небезбедните патишта во регионот, на кои нема ни трага ни глас од вело патеки означени со современа хоризонтална и вертикална сообраќајна велосипедска сигнализација, информираат од ИПА Охрид.

 

Facebook Коментари