Утре во Охрид се игра езерско дерби во плеј-офот, Паткари подготвени да ги бодрат нашите ракометари

- Локални, Спорт
297

Во второто коло од плеј офот во рамки на машката супер лига, утре се игра езерското дерби.

РК Струга гостува кај ГРК Охрид во салата „Билјанини извори“, а натрепварот ќе се игра во 18:30 часот.

Навивачката група ,,Паткари“ ги повикува сите љубители на ракометот и поддржувачи на клубот да присуствуваат на овој натпревар.

Собирот е закажан за 17:00 часот во Паркот на поезијата.

Strugaonline

Facebook Коментари