Вербална расправија прераснала во пресметка со нож-едно лице повредено во Долна Белица

- Локални, Хроника
1024

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, надворешната канцеларија за криминалистички работи од Струга, до надлежното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 32-годишниот М.М. од струшкото село Радолишта.

Казненото дело тој го сторил на 17-ти овој месец на локален пат пред селото Долна Белица кога со патничкиот автомобил што го управувал и` го попречил патот на 19-годишната Б.И. по што се случила вербална расправија со 23-годишниот Ш.К. кој бил повикан на местото на настанот. Меѓусебна расправија набрзо прераснала во физичка пресметка, по што,  во еден момент М.М. со нож го прободил Ш.К. во пределот на слабината, и му нанесол телесна повреда.

Извор: СВР Охрид

Strugaonline

Facebook Коментари