Веслачите на ВК ,,Црн Дрим“-Струга постигнаа одлични резултати на Меѓународната веслачка регата ,,Војводина Опен“

- Локални, Спорт
414

На големата Меѓународна веслачка регата – ,,Војводина Опен“ што се одржа на 01 и 02.07.2023 год. на Паличко Езеро , каде учествуваа 22 екипи од Србија , Турција , Бугарија , Унгарија и Македонија, веслачите на ВК ,,Црн Дрим “– Струга постигнаа забележителни резултати.

Голем  успех постигна младата Ана Прентоска , која во дисциплината скиф за пионерки на 1000 метри го освои одличното второ место и сребрениот медал , додека во дисциплината скиф за сениорки Елена Столеска во силна конкуренција избори пласман во финалето и го освои шестото место . Останатите натпреварувачи кои достојно ја претставија нашата држава беа : -Климентина Стојмилоска , Христијан Китаноски , Никола Мариноски , Александар Хиохи , Вања Кукунеш , Андреј Симоновиќ , Цвете Димоски , Леон Шутиноски предводени од тренерите Игор Скепароски и Марјан Влаќески.

Strugaonline

Facebook Коментари