Вевчани ќе биде полно со гости за Нова година и Василица

- Локални
2328

Вевчани е подготвоно за пречек на Нова година, а угостителските објекти се целосно закупени, информираат сопствениците на вевчанските објекти. Најмногубројни се домашните гости, од кои најприсутни ќе бидат од Скопје, но ќе има и од другите градови.

-Вевчани ќе биде подготвено за новогодишните празници. Интересот е голем, дел од рестораните се резервирани,а исполнети се и сместувачките капацитети. Најмногубројни се гостите од Македонија, истакна сопственикот Mише Шутиноски на „Ресторан Апартман Шутиноски“ Вевчани.

Покрај во природните убавини со кои изобилува Вевчани и верско – културните објекти гостите, како што нагласи тој, ќе може да уживаат во традиционалната вевчанска храна.

-Цените се солидни и реални. Се нудат производи од нашето поднебје, домашно вевчанско вино и ракијa, познати вевчански луканци, кашаник… Гостите ќе имаат избор богато мени и ќе може да уживаат во убавата вевчанска природа – изјави Шутиноски.

Сепак, кулминацијата на празнувањата во Вевчани се очекува за верскиот празник Василица или Стара нова година, на 13 и 14 јануари кога се одржува познатиот Вевчански карневал, а населбата ќе биде полна со гости од земјава и странство.

Стојан Кукунешоски / StrugaOnline

Facebook Коментари