Во Охрид ќе се одржи конференција на тема „Дестинацијата како бренд“

- Локални
805

„Дестинацијата како бренд” е темата на Втората конференција од областа на туризмот, со меѓународно учество  која ќе се одржи од од 15-ти до 18-ти јуни.

Меѓу градовите домаќини е и Охрид, а покрај Охрид, опфатени се и Струга, Поградец и Корча.

Најавено е дека  на конференцијата ќе присуствуваат претставници од туристичкиот сектор, национани асоцијации и членови на влади од регионот.

Присутните ќе имаат можност да  дискутираат и дебатираат околу предизвиците во брендирањето на дестинациите, за значењето на хотелскиот бренд за дестинацијата и за гастрономијата како основа на брендирањето.

Организатор на конференцијата е Балканската асоцијација на хотелиерите – БАХА со поддршка на Македонската хотелската асоцијација – ХОТАМ и Хотелската асоцијација на Албанија.

Извор : ОхридПрес

Facebook Коментари