Во сабота ќе се одржи трето издание на поетската манифестација „Охридски поетски бисер“

- Локални
979

 Во манастирскиот комплекс „Св. Стефан“ во близина на Охрид, во сабота, 30-ти јуни 2018 година со почеток во 12:00 часот ќе се одржи третото издание на поетската манифестација „Охридски поетски бисер“.

Овој настан има благородна мисија во афирмирањето, пренесувањето и зачувувањето на македонскиот јазик, не само во Македонија туку и низ целиот свет. Таа им дава можност на непознатите, анонимни поети, особено на помладите генерации, во содејство со веќе познати македонски автори да станат дел од промоторите на пишуваниот поетски, македонски јазик.

– За нас, македонскиот јазик е и ќе остане наш корен, наш стожер, наша духовност, наша опстојба и водилка кон иднината на идните македонски генерации, порачуваат организаторите.

Извор: ОхридПрес

Strugaonline

Facebook Коментари