Во тек е пријавувањето во Општина Струга за добивање одобрение за користење јавна површина

- Локални
1188

Од Општина Струга ги известуваат сите корисници на јавна површина, најкасно до 15 април 2018 година да поднесат барање за користење на јавна површина.

Кон барањето, корисниците се должни да достават, решение од Централен Регистар за вршење дејност, решение за исполнување на минимално хигиенско технички услови за вршење дејност и потврди за измирени обврски према ЈП „Комунално“ и МЈП „Проаква“ Струга.

Доколку нема да се достават навремено потребните документи, од општина Струга велат дека немат да се издава потребното одобрение.

StrugaOnline

Фото: Архива

Facebook Коментари