Во Вевчани се одржаа 23-те Регионални пензионерски спортски игри 2018

- Локални
1089

Во спортскиот комплекс во Вевчани на 9 јуни 2018 година се одржаа 23-те регионални спортски натпревари од 4 –от регион во организација на Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија,а за прв пат домаќин беше ЗП Вевчани.

Од одржувањето до денес на регионалните спортски натпревар од четвртиот регион, покрај домаќинот ЗП Вевчани,учествуваа  уште шест здруженија на пензионери: ЗП Струга,Охрид и Дебарца,, ЗП Кичево, ЗП Македонски Брод и ЗП Лабуништа. Спортските натпревари се одржаа во ново изградениот спортски комлекс,„Владо Попоески“ каде условите за одвивање на сите 11 спортски дисциплини беа на завидно ниво,а терените за таа намена беа благовремено подготвени од страна на комисијата за спорт при ЗП Вевчани.

Добредојде на гостите и на учесниците на спортските натпревари од името на домаќинот прв им посака Витомир Костојчиноски, претседател на ЗП-Вевчани, кој притоа кусо се осврна на значењето на спортските натпревари. Градоначалникот на општина Вевчани Сашо Јанкоски,  ги прогласи за отворени 23 –тите регионални спорски натпревари од 4 регион.

Оваа спортска средба, рече тој е добра можност за дружење и им посака на сите да понесат  убави спомени и сеќавања од Вевчани.   Спортските натпревари од овој регион преку седумте здруженија кои зедоа учество опфаќаат голема бројка на пензионери и од година во година се се’ помасовни и поуспешни. Натпреварите добиваат и во квалитет, а ги афирмираат и здруженијата па затоа се поддржани и од Локалните самоуправи.

СЗПМ е организатор и покровител и финасиски ги помага  овие активности – истакна меѓу другото претседателот на комисијата за спорт за овој регион Ристо Трајкоски .

Од името на СЗПМ со многу убави зборови за Вевчани, Вевчанци ,за организаторот т.е за малото здружение на пензионери се обрати и секретаротна  ИО на Сојузот на здруженија Станка Трајкоска, која ја искористи можноста на градоначлникот на општина Вевчани да му подари монографија по повод 7О години на СЗПМ.

Пензионерите  се натпреваруваа во единаeсет спортски дисциплини во машка и женска конкуренција.  Најдобри резултати постигнаа пензионерите од Охрид и Дебарца кои освоија 238 бодови а зад нив се пензионерите од Струга со 179 бодоби ,а  третото место го освои ЗП  Кичево со освоени 99 бодови .Потоа  следува ЗП-Вевчани со 38 бода,Македонски Брод 32 и ЗП Лабуништа со 9 бодови.

На екипите кои освоија први места во поединечна конкуиренција и екипна конкуренција им  беа врачени дипломи и признанија како  и на здруженијата учесници.

По успешно завршните натпревари, без приговори на судиите и по доделувањето на признанијата започна незаборавно дружење во прекрасниот ресторан „Пелвец“во Вевчани.  На ова дружење до израз дојде соживотот преку разни облици, поздрвни зборови упатени до организаторот и со оро и песни .

Текст и фото: Стојан Кукунешоски

Strugaonline

Facebook Коментари