Воведна Танго-работилница за пензионери денеска во Струга

- Локални
661

Денеска во 18:30 часот во Домот на културата во Струга ќе се одржи воведна танго работилница за пензионери.

„Танцувањето ни овозможува да ги видиме и посегнеме по благородните аспекти во нас кои не ни се достапни во нашето секојдневие, a со тоа и да го подобри квалитетот на нашето живеење.
Дополнително танцувањето значи дружење, развеселување – директно влијае врз нашето физичко,емотивно и ментално здравје. Бројни студии го покажале позитивното влијание на танцувањето кај намалувањето на стрес, срцеви заболувања, подобрувањето на мускулната и менталната меморија,рамнотежата, остеопороза.“ -информираат од ЛАР-Струга
Тангото е прогласено од УНЕСКО за културно наследство на човештвото и е најдобар медиум за спроведување на погоре кажаното. Едноставно по форма, и лесно за изведување, со танго изразувањето лесно ја достигнуваме неговата примарна цел : социјализација и забава.

Оваа активност е дел од под-проектот „И старите можат“ кој е спроведуван од Локалната агенција за развој од Струга која е членка на Мрежата Инклузива М за социјална инклузија на старите лицата од трета доба во Република Македонија од 2016 година.

Под-проектот се спроведува во рамки на Регионалниот проект „Преземање на акција за социјална инклузија на старите лица” поддржан од од Европската унија, со финансиска поддршка на Австриската агенција за развој и Австрискиот црвен крст, кој Црвениот крст на РМ во Македонија го спроведува во заедничко партнерство со здружението „Хуманост.„

Strugaonline

Facebook Коментари