Заедничка екскурзија на пенизонерите од Струга и Крушево

- Локални
870

Збратимените пензионерски здруженија на Струга и Крушево, на 28 јуни 2018 година направија цeлодневна заедничка екскурзија во соседна Албанија

Покрај триесеттината струшки пензионери,  на оваа екскурзија се приклучи и раководството на ЗП Крушево. Екскурзијата  беше реализирана  со средства од пензионерите, а традиционално  се организира од страна на ЗП Струга.

Во четвртокот, 28 јуни 2018 година, во утринските часови , по пријатно време за прошетка, посетата  на соседна Албанија започна со панорамска прошетка од две страни на крајбрежиејто на Охридското Езеро, триесеттината пензионери од ЗП Струга и Крушево, од различни етнички заедници – Македонци,Албанци и Власи, предводени од претседателот Милорад Трпоски и секретарот на ЗП Струга Изеир Мустафаи, преку граничниот премин „Ќафасан“се упатија  кон првата дестинација „Воскополе“ каде што  во центар пред општинската зграда беа пречекани од страна на  градоначалникот на општината и беше обезбеден водич. Заедно со водичот и месниот свешетеник беа посетени поголем број на цркви и тоа: Свети Никола изградена 1874 година, Свети Михаил Арагел , Света Врача и други.

По убавата прошетка по калдармисаните улици групата пензионери се упатија на заеднички ручек и дружење во преубавиот ресторан „Амбасадор“.Потоа превозното средство полека но сигурно го освојуваше патот низ областа „Дрилон“  и недогледното поле „Малиќи“ каде рачно било исушено блатото-како што рече секретарот Изеир Мустафаи,кој објаснуваше за секое населено место.

Корча беше втората дестинација за одмор и прошетка по личен избор и посета на големата црква на плоштадот која е посветена на Христос-Велигден,како и првото училиште на албански јазик од 1887 година,од каде што започнала албанската писменост,а сега е музеј. Покрај овие знаменитости, пензионерите го прошетаа градот, го посетија пазарот, каде многумина купија по нешто за спомен и задоволни од виденото се вратија на закажаното место. Во последните часови од денот заминаа кон граничниот премин „Ќафасан“, а потоа се упатија кон Струга, каде беше завршен кругот на патувањето. Сета божествена убавина, низ која минуваа, беше овековечена со фотографии од фото репортерот Стојан Кукунешоски.

Текст и фото: Стојан Кукунешоски

 

Facebook Коментари