ЖКК Струга 2009 го загуби вториот натпревар од полуфиналната серија

- Локални, Спорт
279

После тесниот пораз во првиот натпревар од полуфиналето, ЖКК Струга 2009 синоќа го загуби и вториот натпревар против екипата на Бадел со резултат 51:47 (13:13;15:04;14:15;09;12). Ли постигна 23 поени и 11 скокови, Зендели 12 поеини и по 4 скока и асистенции. Шеќероска постигна 7 поени и 4 скокови, Стојановска 2 поени, 7 скокови и 3 асистенции. Во редовите на Бадел најдобри беа Матиу со 18 поени и Маркоска со 15 поени.

,,Причина за поразот е катастрофално одиграната втора четвртина кога постигнавме само четири поени и многу лошиот шут посебно за три поени каде реализиравме еднаш од 17 обиди. Сметам дека се’ уште ништо не е готово, мислам дека имаме и знаење и сила да ги добиеме наредните два натпревари и така да ја вратиме серијата во Скопје.“- изјави тренерот Владимир Ѓоровиќ.

Третиот натпревар од полуфиналната серија е закажан за среда ,26-ти април, со почеток во 18:30 часот во салата ,,Нико Нестор“ во Струга.

Strugaonline

 

Facebook Коментари