ЖКК Струга 2009 повторно загуби од Бадел, кошаркарките со интензивни тренинзи ќе се подготвуваат за супер-лигата

- Локални, Спорт
430

Во заостанат натпревар од седмото коло ЖКК Струга 2009 на домашен терен загуби од Бадел со резултат 43:86 (11:22;15:22;06:22;11:20)  Најдобри стрелци во нашата екипа беа: Лаковиќ со 14 погодоци и Зендели со 9. Кај гостите Стојановска и Димова постигнаа по 17 погодоци, а Адамовска 14.

,,Стружанки не ја научија лекцијата од натпреварот во Скопје. Изигравме лошо и ги повторивме истите грешки. Се’ уште не е изградена добра тимска игра и вклопување на засилувањата во екипата. Сега, после долг период имаме цела недела за работење и се надевам дека со добри тренензи ќе ја надминеме кризата во која се наоѓаме. Се надевам дека подготвени ќе го започнеме натпреварувањето во супер-лигата што започнува следниот викенд,,-изјави за Strugaonline тренерот Владимир Ѓоровиќ

Strugaonline

Facebook Коментари