ЖКК Струга 2009 славеше над екипата на Работнички

- Локални, Спорт
573
Во рамки на 8-то коло од прва А лига во женска конкуренција ЖКК Струга 2009 славеше над Работнички со 90:72,  по четвртини: (20:13;15:20;26:20;29:19).
Најдобри во нашата екипа беа Томпсон со 24 поени и 13 скокови, Тања Стојановска постигна 22 поени, 5 скокови и 9 асистенции. Шеќероска 14 поени и 8 скокови и Џутеска со 11 поени.
Најдобра во редовите на Работнички беше нашата стружанка Ива Чолакоска со 28 поени, 4 скокови и 3 асистенции. Овој викенд и нашите младински селекции ги одиграа своите натпревари. Кадетската екипа загуби од екипата на Tetova Buls со 61:48, а пионерската екипа славеше во Скопје над МЗТ со 41:32.
Тренерот на ЖКК Струга 2009, Владмир Ѓоровиќ, информираше и за успесите на неговите кошаркарки кои заминаа на школување во САД.
,,Би сакал да истакнам дека нашите кошаркарки кои се наоѓаат во САД беа најдобри во своите школи.,,- информираше Ѓоровиќ.
Strugaonline

Facebook Коментари