ЖКК Струга 2009 загуби од екипата на Бадел, Модева имаше одличен учинок

- Локални, Спорт
223

Екипата на ЖКК Струга 2009 загуби од екипата на Бадел 1862 со резултат 44:69 ( 12:18;08:21;12:16;12:14) Најдобрите во домашната екипа беа: Модева со одличен учинок 31 поени 12 скокови и 3 блокади, Синикоска 4 поени,10скокови и 7 асистенции, Муртезаи 6 поени и 2 асистенции.  Незири постигна 4 поени и 3 скока.

Кај гостите најдобра беше Маркоска со 18 поени.

,,За жал сеуште сме без победа во сениорска лига, реално сме најмлада екипа со само 16,5 години просек и не бевме комплетни без Хиса  и Крацоска но сепак нема оправдување, мораме да  го зголемиме интензитетот на работа на тренинг, да собираме искуство и да се обидеме некого да изненадиме. Честитки на екипата на Бадел на победата и на фер играта.“-изјави за Strugaonline тренерот Владимир Ѓоровиќ.

И во рамки на Кадетска лига запад ЖКК Струга 2009  загуби од Бадел 1862 со резултат 25:67 (06:23;05:14;07:09;07:21). Даути постигна 6 поени, Муртезаи ,Кавај и Зиба постигнаа по 4 поени, Милчин ,Незири и Ложанкоска по 2 поени, Цинциќ постигна 1поен.  Кај гостите најдобрата беше Димитријевиќ со 16поени.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари