ЖКК Струга 2009 загуби од Работнички, Ѓоровиќ : Преку вакви натпревари кошаркарките стануваат искусни играчи

- Локални, Спорт
373

Во рамките на 12-то коло од Првата кошаракарска лига во женска конкуренција Работнички извојува победа над тимот на ЖКК Струга 2009 со резултат 58:38 (15:12;22:08;13:12:08:06). Најдобри стрелци во нашата екипа беа: Устијановска со 16 погодоци и Модева со 10. Во составот на Работнички најдобри беа Тодевска со 13 погодоци, Муса, Петкоска, Јазаџиевска и Харбов постигнаа по 9 погодоци,

,,Недоволно искуство, лош шут и лошата игра во втората четвртина се причините што не постигнавме подобар резултат. 40 минути се боревме максимално, посакувам многу вакви натпревари бидејќи само така кошаркарките ќе станат искусни играчи,,- изјави тренерот Владимир  Ѓоровиќ.

Strugaonline

 

Facebook Коментари