ЖКК Струга 2009 загуби од тимот на Баскет Кам

- Локални, Спорт
564

Во рамки на прва А лига во женска конкуренција ЖКК Струга 2009 загуби од Баскет Кам со резултат 48:55. По четвртини (16:17;09:17;15:08;08:13).

Најдобри во нашата екипа беа: Шеќероска со 18 поени, 5 скокови и 5 освоени топки, Томпсон со 10 поени и 14 скокови, Стојановкса 5 поени, 2 скока и 5 асистенции. Зендели постигна 7 поени и 4 скока. Укоска 6 поени, а Устијанова постигна 2 поени.

Најдобрите во редовите на гостинската екипа беа: Антиќ со 21 поен и 8 скокови, Пулезовиќ со 18 поени и 12 скокови и нашата Чолакоска со 8 поени.

,,Ова беше заостанат натпревар од минатата година, и по 11 одиграни натпревари имаме 7 победи и 4 порази. Имавме тешка борба со шампионот, егал натпревар во кој немавме сила и концентрација за истиот да заврши во наша полза, а ни недостасуваше и Џутеска. Задоволен сум од играта на девојките и јавно сакам да им честитам.,, – изјави тренерот Владимир Ѓоровиќ.

Во кадетската лига, нашата екипа забележа победа во Гостивар со 43:61. Најдобри стрелци беа Чолакова со 22 поени, Крацоска и Кукунешоска со по 11 поени, Синикоска 9 поени, Белкоска 5 поени, Бешири и Циниќ по 2 поени.

-Одлична игра имаше и Муртазаи иако без поени, изигра многу добар натпревар како и Алексиеска која имаше голем удел во одбраната. -појасни Ѓоровиќ.

Strugaonline

 

Facebook Коментари