Груевски го доби мандатот од Иванов, има 20 дена да состави влада

- Македонија
752

Претседателот Ѓорѓе Иванов попладнево му го врачи мандатот за состав на нова влада на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, согласно роковникот според Уставот.

gruevski-i-ivanov

Сега Груевски има 20 дена да му поднесе на Собранието програма и предлог за состав на новата влада, а новата влада треба да се избере со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници во Собранието.

Доколку Никола Груевски не успее да формира влада во рок од 20 дена, мандатот го враќа кај претседателот Иванов, а тој пак му го доделува мандатот на вториот по ранг кој освоил најмногу гласови на изборите.

Новиот парламентарен состав се конституира по изборите на 11. декември а на кои коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои 51 мандат, коалицијата предводена од СДСМ освои 49 мандати, ДУИ 10, Беса 5, Алијанса на Албанците 3 и ДПА 2.

 

Извор: Охрид 24

Facebook Коментари