Македонија испиша нова фудбалска историја, победена е големата Германија

- Македонија, Спорт
725
Македонските фудбалери синоќа испишаа нова историја и славеа голема победа над Германија во квалификациите за СП во Катар. Македонија го совлада повеќекратниот светски и европски шампион и тоа на гостински терен.
Во натпревар од 3.коло на Ј квалификациската група Македонија ја победи Германија со 2-1, со што потврди дека пласманот на Европскиот шампионат е повеќе од заслужен.
Во втората минута од судиското дополнение во првиот дел,  Горан Пандев ја затресе мрежата на Терштеген и Македонија отиде на одмор со 1:0
Воо вториот дел од пенал погоди  Гундоган за израмнување.
Во 86-та минута гол за нашата репрезентација постигна Елиф Елмас за водство и победа од 2-1
Со овој триумф Македонија стигна на второто место на табелата со 6 бодови колку што имаат и трето рангираните Германци. Први на табелата се Ерменците кои во оваа рунда на домашен терен ја совладаа Романија со 3-2.
Токму против Ерменија во Скопје на 2 септември нашата селекција ќе ги продолжи Мундијалските квалификации, а во меѓувреме во јуни месец, Македонија ја очекува дебитантскиот настап на Европскиот шампионат на кој во групата ќе игра против Австрија, Украина и Холандија.

Facebook Коментари