На 28-ми октоври започнува зимското сметање на времето

- Македонија
642

Летното сметање на времето во 2018 година завршува на 28-ми октомври во 03:00 часот, така што со поместување eден час наназад, времето во 03:00 часот ќе се смета како 02:00 часот.

Часот кој на 28-ми октомври 2018 година, поради поместување за еден час наназад се појавува два пати помеѓу 02:00часот и 03:00 часот се означува- првиот пат како час 2А, а вториот пат како час 2Б.

Одлуката за денот и моментот на воведување и денот и моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2018 година е објавена во Службен весник на Република Македонија број 52 од 22 март 2018

Извор: Биро за метрологија

Strugaonline

Facebook Коментари