Владата ќе испрати хуманитарна помош кон регионите во Албанија кои се зафатени со поплавите

- Македонија
820

На својата 41 седница Владата на РМ  ја разгледа информација доставена од македонската амбасада во Тирана за состојбите во Република Албанија по големите поплави и одлучи да испрати хуманитарна помош.

„Владата ги задолжи Дирекцијата за заштита и спасување, Министерството за надворешни работи и другите надлежни институции во рок од три дена да достават предлог-решение за испраќање хуманитарна помош кон регионите во Албанија кои се зафатени со поплавите“, стои во соопштението.

Поројните дождови кои изминатите денови ја зафатија соседна Албанија предизвикаа поплави во повеќе региони. Под вода е територија од 15.000 хектари. Албанските власти наведуваат дека се нанесени штети врз 41 фирма, 177 училишта, 78 мостови, 26 електростаници и други инфраструктурни објекти.

Strugaonline

 

Facebook Коментари