Владата објави огласи за нови државни правобранители за Скопје и Струга

- Локални, Македонија
188

По неодманешната одлука да ги разреши досегашните државни правобранители во Скопје и Струга, Владата на Република Македонија преку оглас бара кандидати за позицијата државен правобранител во главниот град и во Струга.

На веб страната на Владата на Република Македонија се објавени два огласи со кои се бараат кандидати кои би биле заинтересирани да работат на овие позиции. Огласите се отворени до 29-ти јануари, до кога заинтересираните лица можат да испратат свои податоци за да конкурираат на огласите. Притоа Владата дефинирала дека со едниот оглас ќе именува еден правобранител на територијата на Скопје, по претходно мислење од државниот правобранител, без ограничување на мандатот. Ова ќе важи и за кандидатот кој ќе ја добие позицијата во Струга.

– Лицата кои сакаат да конкурираат, мора да се државјани на Македонија, да се правници со диплома и да имаат петгодишно искуство и положен правосуден испит. Се бара и да имаат углед во вршењето на досегашната функција. Утврдиле дека оваа позиција не може да се врши паралелно со вршење на друга јавна функција, ниту пак друга професија. Покрај доказ за завршено соодветно обрзование, и доказ дека имаат работно искуство, заедно со другите документи, кандидатите треба да достават и доказ дека уживаат углед за вршење на функцијата. Платата на идните правобранители не е објавена, за неа Владата напишала дека коефициентот е согласно одлуката за пресметка на платите, стои во огласот.

На 9-ти јануари годинава. Владата го разреши Мирко Велјаноски од функцијата државен правобранител за подрачјето на Струга, поради нестручно и несовесно работење.

Facebook Коментари