Владата времено го презема управувањето со цврстиот отпад од општините

- Македонија
986

Скопје, 3. март 2018 – Владата времено да го преземе од општините управувањето со цврстиот отпад, предложи премиерот Зоран Заев на синоќешната средба со градоначалниците од државата.

Според Заев, нема поместување во справувањето со отпадот.

– Начинот на организирање на сметот е сериозна економска дејност која учествува во БДП на државата. Ако бидеме паметни ќе создадеме дополнителна вредност во Република Македонија, рече Заев.

Претседателот на ЗЕЛС, Петре Шилегов исто така оцени дека постојниот систем за справување со цврстиот отпад е субстандарден и неефикасен.

– Потребно е да го разгледаме предлогот на Владата и ресорното министерство кој се однесува на воспоставување регионален систем,  односно основање регионални депонии и изградба на потребната инфраструктура во согласност со планот што го има државата во делот што се однесува на управувањето со отпадот, рече Шилегов, а пренесе Нова Македонија

Како што потенцираше ресорниот министер Дураки општините првично треба да донесат одлука за делегрирање на правото за спроведување и реализирање на регионалните депонии на централната власт и локациите каде што ќе бидат изградени овие депони кои се утврдени со физибилити студи да се прифатат од страна на општините како што се утврдени.

Решенија за надминување на проблемите при справувањето со отпад разгледуваа на денешната средба градоначалниците од целата држава со премиерот Зоран Заев и министерот за животна средина и просторно планирање Дураки.

Министерот Дураки побара централната власт активно да се приклучи во решавањето на овој проблем со оглед на фактот дека општините во сите региони на државата не беа во можност да ги исполнат обврските што произлегуваат од Законот за управување со отпад поради голем број недостатоци, како и многу ниски, технички и финансиски капацитети. Со цел да се деблокира процесот, предлагам општините првично да донесат одлука за делегирирање на правото за спроведување и реализирање на регионалните депонии на централната власт и локациите каде што ќе бидат изградени овие депонии кои се утврдени со физибилити студии да се прифатат од страна на општините како што се утврдени.

Извор: Нова Македонија

фото: архива

Facebook Коментари