СЗО: Милијарда млади луѓе во опасност да го загубат слухот поради гласна музика

- Занимливо
852

Адолесцентите сакаат да слушаат гласна, па дури и прегласна музика и поради тоа околу една милијарда млади луѓе се во опасност да го загубат слухот, предупреди Светската здравствена организација.

СЗО истакнува дека речиси половина од младите помеѓу 12 и 35 години секојдневно слушаат музика на мобилните телефони, додека околу 40 отсто од тинејџерите се изложени на премногу бучна музика во клубовите и кафулињата.

Мобилниот телефон оптимално овозможува јачина помеѓу 75 и 136 децибели, а истражувањата покажуваат дека младите ги слушаат омилените песни на јачина од 75 до 105 децибели. Во ноќните клубови нивото на бучава е од 104 до 112 децибели.

– Се обидуваме да ја подигнеме свеста на младите во врска со прашањето за кое не се зборува многу и чии последици се многу штетни. Мораме да им укажеме на возрасните да ги одвратат тинејџерите од слушање гласна музика, истакна директорот на СЗО за превенција на повреди, д-р Ејтен Круг.

Извор: vecer.press

фото: архива

Facebook Коментари