Истражување: Конзумирањето јогурт е превенција од карцином на дојка

- Здравје
986

 

Честа дебата помеѓу луѓето кои се едуцираат за здравата храна и здравите напитоци е прашањето дали млечните производи имаат позитивно или негативно влијание врз нашиот организам.

Неколкумина  научници неодамна направиле истражување за влијанието на млечните производи врз (не)развојот на карцином на дојка кај жените.

Истражувањето покажало дека жените кои често конзумираат јогурт имаат за 39 проценти помали шанси да добијат рак на дојка.

Од друга страна, лицата кои конзумираат голема количина на полномасно сирење имаат зголем ризик од рак на дојка за дури 53 проценти.

 

Facebook Коментари