Пет продукти за појаки коски + Coral Calcium

- Здравје
841

Пет продукти за појаки коски + Coral Calcium

Млекото и млечните производи се познати како продукти за здрави и силни коски. Сепак, во својата исхрана можете да ги сврстите и овие продукти за кои нутриционистите тврдат дека содржат хранливи вредности кои ќе ги зајакнат вашите коски и ќе спречат оболувања како остеопорозата.

  1. Соја
    Сојата е богата со белковини и е одличен избор на калциум. Се препорачува за возрасните да внесуваат и до 1000 мг калциум дневно.
    2. Риба
    Млекото, сирењето и јогуртот нема да ви помогнат без дневна доза на витамин Д кој му помага на телото да апсорбира калциум. Рибата е одличен извор на витамин Д.
  2. Банани
    Ова тропско овошје е непресушен извор на калиум, кој исто така го подобрува здравјето на коските. Во една банана има околу 400 мг калиум.
  3. Компир
    Компирот, како и бананата е одличен извор на калиум, а во еден компир има дури околу 700 мг.
  4. Бадеми
    Јаткастото овошје, како и маслиновото масло, богато е со здрави масти. Бадемот е богат со калциум и магнезиум, кои се неопходни за здрав скелет.

Секојдневната исхраната на повеќето луѓе содржи недоволно ниво на калциум, па затоа суплементите се најефикасниот начин за зајакнување на коските и секојдневен редовен внес на потребната доза калциум.

Facebook Коментари