Младинската репрезентација на Македонија во женска конкуренција загуби на првиот меч од квалификациите за Светското првенство кое следното лето ќе се одржи во Унгарија.
Македонија загуби од Исланд на стартот од квалификациите со високи 15 гола разлика и конечни 20:35. На овој меч домашните имаа повеќе од играта во поголем дел од средбата така што и немаше шанси Македонија да дојде до подобар резултат.
Во првиот меч од групата 4, Германија исто така беше убедлива. Со 34:16 успеа да ја совлада селекцијата на Литванија, па веќе е јасно кои две репрезентации се на чекор од шампионатот.
Следен противник на Македонија е Литванија, а мечот се игра од 16 часот.
Извор: 24rakomet
фото: архива
Facebook Коментари