Отворен ден за образование во Центарот на заедницата на општина Струга

- Локални
761

Центарот на Заедницата на Општина Струга на 18.12.2017 година (понеделник) со почеток во 12:30 часот во своите простории на улица „Владо Малески“ б.б. (Во зградата на министерство за одбрана)  организира : Отворен Ден со членовите на комисијата за општествени дејности од Советот на Општина Струга и  професор д-р. Дашмир Насуфи шеф на кабинетот на градоначалникот.

Средбата е отворена за сите заинтересирани граѓани , образовни институции и  претставници од медиуми, кои ќе имаат можност  да се запознаат со работата на оваа комисија директно да постават прашања како и да продискутира за проблемите и предизвиците во образованието во општина Струга .

Оваа средба има за цел зголемување на транспарентност на работата на Советот на Општина и општинската администрација, како и да им овозможи на граѓаните нивно активно вклучување во донесувањето на одлуки на локално ниво.

Strugaonline

Facebook Коментари