Добитник на ,,Златен венец“ е францускиот поет  Жан Пјер Симеон, наградата ,,Мостови на Струга“ за германската поетеса Катрин Пиц

- Локални, Македонија
136

Добитник на „Златен венец“ за 2024 година, главната награда на „Струшките вечери на поезијата“, е истакнатиот француски поет,  Жан Пјер Симеон.

 Одлуката беше соопштена на свечениот настан во Македонската академија на науките и уметностите

Добитничка на наградата„Мостови на Струга“ за 2024 година која што Струшките вечери на поезијата во соработка со УНЕСКО ја доделуваат за најдобра дебитантска збирка е германската поетеса Катрин Пиц за нејзината стихозбирка „„Вакви денови имало отсекогаш“.

Директорот на СВП, Тодорче Тасевски ја објави соработката на Струшките вечери на поезијата со Делегацијата на ЕУ којашто од оваа година ќе биде покровител на наградите ЕНХАЛОН и МЛАДА СТРУГА преку Јуроп Хаус-Струга (Europe House-Struga), најновата членка на мрежата на Јуроп Хаус (Europe House).

Возобновената награда „Млада Струга“ ќе се доделува за необјавен поетски ракопис на млад поет или поетеса што дотогаш немаат објавено поетска збирка. Добитникот ќе биде избран по распишан конкурс, а освен паричен износ, наградата вклучува и објавување на поетската збирка како дел од изданијата на СВП и учество на Фестивалот, по урнек на поранешниот конкурс на Книжевната младина на Македонија.

Најновото издание на Струшките вечери на поезијата ќе се одржи од 22-ри до 26-ти август.

Strugaonline

Facebook Коментари