Кои чаеви се корисни за вас според крвната група?

- Здравје
1320

Чајот се смета за еден од најздравите напитоци на светот, а навиката на конзумирање чаеви датира од многу дамнешни времиња. Сепак, секоја билка има различно влијание врз нашиот организам, затоа е многу важно да изберете чај кој најмногу одговара на вашиот организам и неговите потреби.

Крвна група А

Станува збор за емотивни и аналитични личности кои бурно реагираат на стрес. Кафето не им штети, но постојат билни замени кои нивниот организам би ги примил на многу подобар и покорисен начин.

Личности со крвна група А треба да конзумираат: зелен чај, чај од јасмин, комбинација од споменатите чаеви, чај од невен, чај од мајчина душица и комбинација на овие два чаја.

За личности кои имаат крвна група Б корисно би било да конзумираат, Rooibos и црвен чај, зелен чај, чај од маточина и чај од жалфија како и комбинација од жалфија и маточина.

За луѓето со  крвна група АБ се смета дека на многу конструктивен начин се носат со стресот, но препорачливо за нив е кафето да го заменат со чај. Препорачливо е да конзумираат  зелен чај, чај од нане, жолт чај и чај од брусница.

Луѓето со крвна група нулта би требало да избегнуваат млеко и глутен. Иако се отпорни на стрес, нивна слаба точка е желудникот. Кафето воопшто не им годи, а од чаевите им се препорачуваат: чај од ѓумбир, чај од нане  и зелен чај.

Facebook Коментари